Top Sport

Карпин: За мечот со Хрватска би повикал 10 голмани

Вечерва од 20.45 часот Хрватска гостува кај Русија во меч од 4. коло од квалификациите за СП 2022, а рускиот селектор Валериј Карпин е под притисок на домашната јавност затоа што се уште не го решил прашањето на голманската позиција.

На списокот од 30 фудбалери има дури 5 голмани. Тој за руските медиуми изјави дека првиот голман же го избере тренерот на голманите.

„Секогаш тренерот е виновен, така и јас. Мое мислење е дека одлуката треба да ја донесе тренерот на голманите. Тој работи со нив, најдобро ги познава нивната психа и нивната положба“ вели Карпин.

Селекторот вели дека за мечот со „коцкастите“ би повикал 50-60 играчи.

„Да можев, ќе викнев 10 голмани, што се чудите. Договорот падна на 5“ вели тој.

Во изборот се Гилерме, Андреј Луњов, Јуриј Дјупин, Александр Максименко и Сергеј Песјаков.

Scroll to Top