Top Sport

Карсако погоди од корнер, деби-гол на Рондон (Видео)

Тимот на Рафа Бенитез, Далијанг Јифанг, во кој први ѕвезди се Јаник-Фереира Караско и Марек Хамшик во рамките на 19 коло во првенството на Кина одигра 3-3 со Тјанџин Теди.

Натпреварот го обележа спектакуларниот гол на Карско. Белгиецот во 26 минута погоди директно од корнер, а беше стрелец и во 49 минута. На овој меч за Далијан дебитираше поранешниот напаѓач на Њукасл, Саломон Рондон. Репрезентативевот на Венецуела со својот гол во 85 минута ги постави конечните 3-3.

За Тјанџин два гола постигна Френк Ачемпонг во 34 и 70 минута, а еднаш погоди и поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Сандро Вагнер.

Scroll to Top