Top Sport

Сити немоќни пред Руи Патрисио (Видео)

Фудбалерите на Вулверхемптон го освоија Азискиот куп на Премиер лигата, откако во Кина го победија Манчестер сити по изведувањето на пенали. Пенал серијата Вулверхемптон ја добија со 3-2.

Натпреварот заврши без голови, а во пенал-серијата блескаше португалскиот репрезентативец Руи Патрисио. Голманот на Вулверхемптон во пенал рулетот ги одбрани ударите на Илкај Гундоган и Давид Силва во првите две серии, а потоа не му дозволи да постигне гол ниту на младиот Лукас Нмече во последната серија.

Патрисио остана несовладан и во регуларниот дел од натпреварот кога во 21 минута Рахим Стерлинг не успеа да реализира пенал.

Во натпреварот за третото место Њукасл, со голот на Јошинори Мути во 34 минута, забележаа победа над Вест Хем.

Scroll to Top