Top Sport

Карвахал донесе тешка победа на Реал над Алавес (видео)

Реал Мадрид се намачи, но освои три поени на тешкото гостување во Баскија кај Алавес со 2:1 победа, искачувајќи се на првото место во Ла лига пред Барселона, која утре гостува кај Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан стартуваше без Тибо Куртоа на голот, но изненадувачки со Герет Бејл како стартер, но во првото полувреме не успеа да ја пробие одбраната на Алавес. Серхио Рамос во 52. минута, конечно, донесе предност за „кралевите“ откако беше највисок во скокот по слободниот удар на Тони Крос.

Сепак, домаќините успеаја да израмнат од удар од белата точка само 13 минути подоцна, кога Перез го совлада Ареола. Дани Карвахал беше човекот за победа, откако во 70. минута по една мешаница во шестаесетникот на домаќинот ја зафати одбиената топка откако Иско ја погоди стативата.

Реал сега се први со 31 поен, три повеќе од Барселона и четири пред Севилја, додека Алавес се 13. со 18 поени.

Scroll to Top