Top Sport

Карвахал се подготвува да го напушти Реал

Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, не ја исклучува можноста да го напушти клубот.

Карвахал е еден од најдобрите играчи на својата позиција во светот, а од почетокот на новата сезона, во која Реал игра катастрофално, заедно со повредениот Иско е најдобар играч.

„Би сакал да играм во Премиер лигата. Сакам го почувствувам тоа. Нема да се пензионирам додека не играм во Премиер лигата“, изјавил за „Либеро“, Карвахал.

Карвахал кариерата ја започнал во вториот тим на Реал, сезоната 2012/2013 ја мина во Баер Леверкузен, потоа Реал го откупи неговиот договор за пет милиони евра, а тој стана еден од столбовите во играта на „кралскиот тим“.

Scroll to Top