Ливерпул ја запиша втората победа во Премиер лигата. „Црвените“ во драматичен меч, со гол во 98.минута го победија Њукасл. Во лондонското дерби Вест Хем и Тотенхем одиграа без победник 1:1.
Ливероул со пресврт во второто полувреме успеа да слави во дуелот со Њукасл. „Страчките“ водеа по првито дел со голот на најскапото клупско засилување, Александер Исак. Швеѓанецот пред два дена се пресели во Њукасл од Реал Сосиедад за 70.000.000 евра.
Можеше Исак да има сензационално деби, постигна гол и во 54.минута, кој ВАР го поништи поради милиметарски офсајд.
Неколку минути подоцна Роберто Фурмино успеа да го изедначи резултатот. Кикс на Ливерпул спречи Карваљо во 98.минута. Поранешниот напаѓач на Фулам најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Поуп.
Вест Хем против Тотенхем постигна два гола но не победи. Керер во првиот дел си постигна авто-гол. Предноста на Спарси ја поништи Соучек во второто полувреме.