Антонио Касано смета дека Интер направиле „двојна грешка“ со Пауло Дибала, бидејќи се откажале од Алексис Санчез, кој е „подобар играч“ од новото засилување на Рома.
Дибала го напушти Јувентус како слободен играч, откако клубот неочекувано ја повлече понудата за нов договор, и тој беше пред потпис со Интер, пред „нераѕурите“ да решат да се фокусираат на Ромелу Лукаку, по што потпиша за Рома.
„Ако сте голем играч на 29 години, Јувентус не ве исфрлаат од клубот. Најдобрите четири-пет клубови воопшто не го сметаа како резерва. Интер го ‘паркираа’ пред да го добијат Лукаку и да му кажат да си оди дома. Со целосна почит, тој отиде во Рома за само 5 милиони евра, а во Јувентус бараше 10 милиони евра. Го велам тоа од времето кога беше во Палермо – Дибала не е голем играч. Ниту еден голем клуб не го сакаше, ниту Арсенал и Манчестер јунајтед. Грешката на Интер не беше што не го добија, туку што го продадоа Алексис Санчез, кој е многу подобар играч од него“, вели Касано.
Cassano: "L'Inter per Dybala ha fatto una sceneggiata. Non l'ha mai voluto e ha dato via Sanchez che è più forte" https://t.co/ZAbuEW7JFK
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) August 20, 2022