Top Sport

Фјури: Усик и Џошуа беа ужасни, подгответе ги парите

Тајсон Фјури, очигледно, уште еднаш најави враќање во боксерскиот ринг, објавувајќи видео на социјалните мрежи предизвикувајќи го Олександер Усик по неговата победа на поени над Ентони Џошуа во Саудиска Арабија.

Фјури неколку пати објави дека нокаутот над Дилијан Вајт во април е неговиот последен меч, но 34-годишниот „Џипси Кинг“ сега во видеото вели дека е е „тука за да остане“ и додаде дека му треба богата понуда за да боксува со Усик.

„Да бидам искрен со вас момци, по гледањето на овој меч, ќе кажам дека двајцата беа ср.ње. Ова беше еден од најлошите мечеви за титулата во тешка категорија кој сум го видел. Чисто ср.ње. Би ги уништил двајцата во иста вечер. Дајте го чекот, бидејќи Џипси Кинг е тука засекогаш“, вели Фјури во видеото.

Самиот Усик по победата изјави дека сака само со Фјури во рингот.

„Сигурен сум дека Тајсон Фјури не е пензиониран. Ако не боксувам со Тајсон Фјури, тогаш нема воопшто да боксувам“, изјави Усик.

Scroll to Top