Top Sport

Касано ги одбра најдобрите 11 со кои играл во кариерата

Екс-италијанскиот фудбалер, Антонио Касано ги одбра идеалните 11 фудбалери со кои настапувал во својата богата кариера. Тој листата ја составил при јавување во живо во емисија при што повеќе од 1 час разговарал со Кристијан Виери.

Во неговиот избор имаше место за неколку италијански ѕвезди, а тој во кариерата настапуваше за Бари, Рома, Реал Мадрид, сампдорија, Милан, Интер, Парма и кратко во Верона.

Ова се играчите во изборот на Топ 11 на Касано:

Буфон, Кафу, Серхио Рамос, Самуел, Роберто Карлос, Пирло, Зидан, Сидорф, Тоти, Ибрахимовиќ и Роналдо.

Интересно е што во неговиот избор немаше место за Весли Снајдер, Ариен Робен и Раул.

Scroll to Top