Top Sport

Дончиќ се врати во Словенија: Дома си е дома, најдобро е!

НБА ѕвездата, Лука Дончиќ ги напушти САД и се врати во Словенија поради пандемијата на коронавирусот. Очекува кога ќе продолжи натпреварувањето.

„Ме мотивира што можам да му помогнам на тимот да стане НБА шампион. Таа помисла ми дава сила на паркетот и ме мотивира на секој меч да давам по 100%“ – вели Дончиќ.

Тој зборуваше и за пандемијата на коронавирусот поради што е надвор од паркетот повеќе од еден месец.

„За мене беше голем шок. Вестите ги дознавме во текот на меч. Никогаш не би помислиле дека овој вирус може да има толкави размери. Беше тешко да се разбере и да се прифати оваа вест“ – вели Лука.

Времето поминато во карантин го поминал играјќи игрици со другарите и гледајќи серии, а вели дека често бил во врска и со соиграчите од клубот.

Вели дека одлично се чувствува откако се врати во татковината.

„Знам дека тоа беше најдобрата одлула и не погрешив. Знаете како велат, дома си е дома, најдобро е!“ – вели Словенецот.

Дончиќ запрашан што прво направил при доаѓањето во родната земја, вели „Прво фрлив топка кон кошот што е пред мојата куќа“.

Scroll to Top