Поранешниот фудбалер на Интер, „лошото момче“ Антонио Касано очекува Лаутаро Мартинез да го замени Мауро Икарди, бидејќи поранешниот капитен на „нераѕурите“ не нуди ништо за играта на клубот и не постигнува доволно голови.
21-годишниот Мартинез, минатогодишно засилување за Интер беше замена во нападот на клубот во отсуство на Икарди, но по неговата повреда на бутниот мускул и испреговораното враќање на Икарди, стариот број 9 го зазеде своето место. Сепак, Касано вели дека ова ќе биде краткотрајно решение и Икарди веќе нема што да понуди за Интер.
„Интер играат 4-2-3-1, што значи дека напред има еден напаѓач, а Икарди не може да игра со Лаутаро. Да беше до Спалети, тој ќе играше со Мартинез, бидејќи сака напаѓачи кои играат за тимот. Лаутаро заврши одлична работа, има 20 години и е многу подобар од Мауро. Икарди само дава голови и ништо друго. Спалети повеќе сака напаѓачи како Џеко, Бензема и Левандовски, додека Икарди е како Инзаги, ако не даде гол, не прави ништо друго“, вели Касано.