Нова недела, нова интересна изјава од Антонио Касано. Поранешната италијанска ѕвезда редовно гостува на подкастот на неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Кристијан Виери, и секогаш има нешто интересно, контроверзно и смешно да каже.
Овојпат на мета е Интер, односно класата на Интер од 2010 под водство на Жозе Мурињо (каде што играше и нашиот Горан Пандев), и која освои тројна титула, популарната „триплета“ (ЛШ, Серија А и Копа Италија).
Иако тоа се оценува како најдобриот тим на Интер во последните неколку децении, Касано не е импресиониран од стилот на игра на Мурињо.
„Морам да кажам дека Интер се мој тим и ја освоија титулата од Лигата на шампионите пред 11 години и тоа без да играат фудбал“, вели 38-годишниот Касано, кој играше за Интер од 2012 до 2013 година.