Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано го критикуваше тимот на Милан по поразот од Наполи (2:1).
Милан се наоѓа на деветтото место на табелата во Серија А со 47 бодови, дури 20 помалку од првопласираниот Интер.
Касано прво „удри“ по Жоао Феликс, кој игра како позајмен играч од Челси, чии договор нема да биде откупен на крајот од сезоната.
„Видете, јас навистина го сакам Феликс, но чекам седум години да процвета. Уморен сум од чекање”, рекол Касано.
Потоа се префрли на Рафаел Леа, кој мечот го започна од клупата за резерви.
„Сега некој неуспешен, некомпетентен паразит се обидува да каже дека Леао мора да игра, Тој бил најталентираниот играч на Милан. Апсолутно не. Според мене, Кристијан Пулишиќ и Тијани Рејндерс се најдобрите играчи на Милан, тие постигнаа 15 гола. Тие ја прават разликата, а не Леао. Тој е пола играч, тоа е се“, додаде тој.