Фудбалска Италија со нетрпение го очекува вчерашното дерби на Милано. Интер во „Дерби дела Мадонина“ ќе го пречека Милан.
Пред овој натпревар Антонио Касано решил да ги спореди напаѓачите на двата тима, Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ. Поранешниот играч на Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија…нема дилема дека Ибрахимовиќ е многу подобар напаѓач од Лукаку.
„Златан е најдобриот играч во Серија А. Лукаку е млад и талентиран, но едноставно не можеме да го споредуваме со Ибрахимовиќ. Кога имате 39 години и играте на такво ниво…тоа е неверојатно. Лукаку е физички јак, но тоа не е доволно бидејќи Ибра има поголем квалитет. Ибра е во рангот на Роналдо и Ван Бастен“, рекол Касано.
Дерби мечот на „Џизепе Меаца“ ќе започне во 18 часот.