Со поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано никогаш не е здодевно. Поранешното лошо момче на фудбалот, откако пред некој ден влезе во остри критики за „фабрикуваниот“ талент на Кристијано Роналдо, сега нападна уште еден играч на Јуве, Пауло Дибала, вели дека не вреди за парите кои ги бара бидејќи под притисок веднаш се „се.е“.
Дибала има договор со италијанскиот шампион до 2022 година, и подолго време преговара за нов договор, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе замине. 27-годишниот Аргентинец наводно бара 10 милиони евра по сезона со новиот договор и Касано е бесен.
„Сите тренери во Јувентус не го сметаа за неопходен, така што се сомневам дека е шампион или голем играч. За мене сигурно не е бидејќи не прави разлика на теренот. Да, има постигнато убави голови, но такви голови даваат и Антонио ди Натале или Лоренцо Инсиње. Но, да се носи десетката во Јувентус мора да си повисоко ниво. Кога е под притисок, тој се се.е! И потоа бара 10 милиони евра по сезона. Те молам!“, вели Касано во интернет разговор со својот поранешен соиграч од репрезентацијата Кристијан Виери.