Top Sport

Касано: Перишиќ и Икарди налето треба да „летаат“ од Интер

Антонио Касано му дава совет на својот поранеше клуб, Интер како да ја подобри ситуацијата во клубот.

„Интер мора да ги продаде Перишиќ и Икарди на лето. Проблемот е едноставен, Перишиќ прв направи неред, а потоа хаосот го направи ти“ и се обратил Касано во емисија на италијанска телевизија на сопригата на Мауро Икарди, Ванда Нара.

„На Рома и требаат 10 нови играчи, а Милан има состав полн со медиокритети. Спалети е идеален за Интер, а Конте може да го преземе само Милан“ – анализира Касано.

Сопругата и менаџерка на Икарди покрена низа скандали во Интер кои донесоа исфрлање на Мауро од клубот и лоши односи со навивачите.

Scroll to Top