Top Sport

Игра за Сосиедад вреди милион евра, а на натпревар оди со велосипед (фото)

Младиот играч на Реал Сосиедад, 18-годишниот Андер Баренечеа иако се повеќе се наметнува во својот тим, сепак секогаш до стадионот патува со велосипед.

Баскиецот оваа сезона одигра 6 меча за Сосиедад, а минатата година го имаше своето деби за клубот со 17 години со што стана првиот играч роден во 21 век (роден е 2001 година) кој заиграл во Примера.

Според „Трансфермаркт“, вредноста на младиот талент е 1 милион евра, но вниманието на себе го привлече откако си го одврза изнајмениот велосипедот и замина по мечот со Гетафе.

Scroll to Top