Леонардо Куфре во едно интервју во суперлативи говорел фудбалските квалитети на поранешниот соиграч од Рома, Антонио Касано. Куфре и Касано играа заедно во Рома од 2002 до 2006 година.
„Имам убави спомени од тоа време. Доколку Атнонио внесеше малку професионалност ќе беше меѓу најдобрите играчи во светот“, рекол Куфре и продолжил.
„Тогаш имаше малку играчи како него. На тренинзите правеше со топката се што ќе посака. Но тој не сакаше да тренира. Не беше единствениот што сакаше ноќе да излегува, проблем му беа тренинзите“, рекол поранешниот аргентински фудбалер, а потоа го споредил Касано со Лионел Меси.
„Видов дека може да направи неверојатни работи со топката, работи што не ги видов кај Меси со кого играв во репрезентацијата. Антонио беше чудесен, штета што немаше памет да дојде до врвот. Мислеше дека можеше да стигне таму без тренирање“.
Касано кариерата ја започна во Бари, а покрај за Рома, играл за Реал, Интер, Милан, Сампдорија и Парма.