Top Sport

Касано: Раниери не е тренер за Рома

Антонио Касано ги критикуваше потезите на сопствениците на Рома, кои решија да го вратат Клаудио Раниери на клупата откако Иван Јуриќ доби отказ. Касано која играше за Рома од 2001 до 2006 година, смета дека враќањето на Раниери на клупата на Рома не е тоа што му треба на клубот.

Раниери во својата долга тренерска кариера ги предводеше Каљари, Наполи, Фиорентина, Атлетико Мадрид, Валенсија, Челзи, Парма, Јувентус, Интер, Монако, грчката репрезентација, Лестер, Нант, Фулам, Сампдорија и Ватфорд. Освои осум трофеи, но само еднаш беше национален шампион, кога со аутсајдерот Лестер во 2016 година сензационално ја освои Премиер лигата.

Тој се пензионираше минатата година, кога изјави дека само понудите од Рома и Каљари можат да го извлечат од пензија. Го доби тоа што го сакаше и по Жозе Мурињо, Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ стана четврти тренер на Рома во оваа календарска година.

„Фридкин не разбираат дека луѓето во Рим не се глупави. Направија хаос и кога сфатија дека народот е лут и околината е отруена, решија да ангажираат некој кој ќе ја смири ситуацијата. Многу го почитувам Раниери, тој е вистински господин, но да бидеме искрени и да се потсетиме дека тој самиот рече дека е готов и дека повеќе не сака да биде тренер“, изјави Касано.

„Тој носи мир, но на Рома и треба нешто друго , победник со кој таа може да ја планира својата иднина. Раниери веќе зборува како да има некоја друга извршна функција во клубот“, додаде тој.

Scroll to Top