Top Sport

ЛШ: Чеховски медведи не му дадоа шанса на Металург

И во петтото коло во Лигата на шампионите, Металург не успеа да победи, откако беше поразен со високи осум гола разлика (33:25) на гостувањето во Русија кај Чеховски Медведи, за кои ова е втора победа во низа во групата Ц.

Без тренерот Данило Брестовац, кој остана во Скопје, тимот од Автокоманда немаше ниту едно добро прво полувреме како на претходните мечеви, губејќи со пет гола разлика по 30 минути игра (18:13).

Најдобри во Металург беа хрватските репрезентативци – Халил Јагањац пак блесна со седум постигнати голови, додека Анте Токиќ додаде четири, а Марио Танкоски додаде три. Кај домашниот тим, Косоротов, Куретков, Остаченко и Санталов имаа по три постигнати голови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

Бешикташ – Бјерингбро/Силкеборг 24:37 (12:22)

Чеховски медведи – Металург 33:25 (18:13)

Scroll to Top