Top Sport

Касемиро: Герет Бејл ја има поддршката од Зидан и од целиот тим

Касемиро смета дека неговиот соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл уште е „многу важен“ за клубот и дека ја има целосната поддршка на соиграчите и на тренерот Зинедин Зидан и покрај постојаните шпекулации дека му е „здодевно“ во Мадрид и дека останува само поради превисоката плата од 400.000 евра неделно.

31-годишниот Велшанец беше блиску до голем трансфер во Кина минатото лето, но Зидан реши да го заддржи во последен момент, но подоцна не му даде многу шанси во сезоната, со само 20 настапи во сите натпреварувања. Тој јасно не ја прославуваше титулата од Ла лига минатиот месец, а снимката од вчерашниот тренинг на кој тој само стои на теренот го зголемија бесот на навивачите.

Касемиро, пак, има целосна доверба во него.

„Тој постојано работи. Знае дека ова не е најдобриот момент во неговата кариера, но ја има нашата поддршка, на играчите, на тренерот и на целиот клуб. За нас тој е многу важен фудбалер, бидејќи не знаеш кога ќе изненади. Во Лигата на шампионите е посебно опасен. Кога е во најдобра форма, тој е меѓу топ 3 на светот. Јас, лично, многу го сакам и сакам да биде згрижен во клубот“, вели Касемиро.

Scroll to Top