Top Sport

Леклер: Кога бев млад навистина го мразев Ферстапен

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откако успеа да освои два пласмани на подиумот со слабиот болид на италијанскиот тим, стана јасно дека нема да може да биде вклучен во борбата за шампионатот со Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, но многумина сметаат дека возачот од Монако ќе биде шампион во иднина.

Со Ферстапен, Шарл се познава многу одамна, од времето кога двајцата возеа картинг трки, но тоа не значи дека биле пријатели.

„Во деветте години во кои возев картинг, секогаш се натпреварував против Макс. Пораснавме заедно со Расел, Окон, Гасли и Албон и имавме многу трки еден против друг. Кога возиш картинг, мораш да научиш да ги изненадиш противниците со својот стил и затоа немам специфичен стил. Кога бевме млади навистина се мразевме со Макс. За среќа, двајцата пораснавме и Формула 1 е нешто сосема поинаку за двајцата“, вели Леклер во интервју за „Ла газета дело спорт“.

И кога возеле картинг, Леклер и Ферстапен се туркале! (видео)

Scroll to Top