Касемиро го даде своето прво интервју по трансферот од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед. Бразилецот доби работна дозвола, сега ќе можа да тренира со соиграчите и ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг за натпреварот со Саутемптон.
„Се вратив овде по 15 години. Многу луѓе не знаат дека играв овде кога имав 15 години и бев играч на Сао Паоло. Кога играв на тој турнир, сакав да дојдам во Јунајтед. И сега кога повторно сум тука, јас сум најсреќниот човек на светот и едвај чекам да заиграм за да му помогнам на Јунајтед да освојува трофеи“, рече Касемиро, потоа беше прашан како реагирал кога првпат слушнал за интересот на Јунајтед.
„Па, тоа е најголемиот клуб во Англија, со најмногу титули. Среќен сум и едвај чекам да почнам да играм“, рече тој и истакна дека неговиот сон е да игра во Премиер лигата.
„Мојата сопруга зборува англиски. Имам седумгодишна ќерка и едногодишен син. Тие зборуваат англиски малку подобро од мене. Жал ми е што не зборувам англиски со вас и со навивачите но сакам да учам“, рече тој.
Според „Трансфермаркт“, Касемиро дојде во Јунајтед за 70 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една година. За бразилската репрезентација има одиграно 63 натпревари.