Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Касемиро, не би бил изненаден доколку сонародникот Винисиус Жуниор реши да го напушти шпанскиот гигант поради расистичкото малтретирање кое го добива на натпреварите од Ла Лига.
„Загрижени сме што многу луѓе сѐ уште се такви. Не е првпат Винисиус да се жали. Тој често го прави тоа. Мислам дека Ла Лига треба да преземе акција бидејќи не може да загуби таков играч“, изјави Касемиро за „ТНТСпортс ТВ Бразил“.
„Среќен сум што е во Реал Мадрид, но не би бил изненаден доколку сака да замине“, додаде 31-годишниот Бразилец, кој играше за Реал Мадрид од 2013 до 2022 година.
Засега Винисиус Жуниор не планира да го напушти Реал. 22-годишниот фудбалер беше доведен во шпанскиот клуб во 2018 година.