Top Sport

Касемиро не го „мириса“ засилувањето од 80 милиони евра

Новиот играч на Реал Мадрид, Аурелиен Чумаени, кој пристигна од Монако за 80 милиони евра, не се чувствува удобно во новиот клуб.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој чувствува завист и непријателство на соиграчите за чија позиција се натпреварува. Бразилецот Касемиро, според овие извори не бил воодушевен од доаѓањето на францускиот репрезентативец.

Чуамени се согласи да се пресели во Реал Мадрид во јуни, откако Монако реши да го продаде за 80 милиони евра, со бонуси цената на трансферот може да оди до 100 милиони евра.

Според медиумите, Касемиро се чувствува загрозен од доаѓањето на нов играч и стравува дека би можел да отпадне од средниот ред во кој со години доминираат Лука Модриќ и Тони Крос.

„Затоа не го третира како другите соиграчи. Касемиро едвај го гледа Чуамени, а не сака ни да разговара со него“, пишуваат медиумите.

„Свесен е дека Реал не одвоил толку пари за да донесе играч кој би седел на клупата“.

Scroll to Top