Top Sport

Касемиро прави трансфер во Манчестер Јунајтед, но ќе стигне ли да игра против Ливерпул?

Бразилскиот интернационалец Касемиро е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, откако европскиот првак Реал Мадрид го одобри неговото заминување на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси. И покрај инсистирањето на Карло Анчелоти искусниот играч од средниот ред да остане меѓу „кралевите“, сепак, јасно е дека клубот веќе доведе замена во Орелиен Чуамени, а со овој трансфер ќе ги покрие неговите трошоци.

Касемиро ќе добие четирогодишен договор и фантастични 18 милиони евра по сезона, речиси двојно поголема плата од сегашната во Реал Мадрид.

Вистинската трка Бразилецот и Манчестер Јунајтед ќе ја имаат со времето. Раководството и менаџерот Ерик тен Хаг сакаат тој да игра на дербито против Ливерпул в понеделник, со оглед дека е во натпреварувачки ритам. Н, за тоа ќе треба трансферот да се реализира експресно, а Касемиро се уште ги нема минато ниту медицинските прегледи.

Scroll to Top