Top Sport

Касемиро: Среќен сум во Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро ги демантираше пишувањата на медиумите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе му се приклучи на поранешниот соиграч од Реал, Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Искусниот Бразилец (31) пристигна во Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид за речиси 60 милиони евра. Не успеа да се снајде во Премиер лигата, а оваа сезона пропушти мног натпревари поради повредата.

„Среќен сум во Манчестер. Сè овде е неверојатно. Од првиот ден имав топло добредојде од клубот, играчите и навивачите. Среќен сум од она што градот и клубот ми го нудат. Среќен сум да му помогнам на клубот да се врати на патот на успехот. Овде сум среќен“, изјави Касемиро за британските медиуми.

Тој оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна четири гола.

Scroll to Top