Top Sport

Касилјас: Донарума треба да игра во поважен клуб од Милан!

Легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас ги навреди навивачите на Милан, велејќи дека нивниот млад голман Џанлуиџи Донарума мора да замине во клуб која има поголема важност во Европа.

„Според моето мислење, Донарума треба да игра во клуб со поголема традиција. Моја грешка. Милан веќе има традиција, мислев на клуб кој моментално има поголема улога во Европа“, напиша Касилјас на Твитер.

Милан, за потсетување, има освоено седум титули од Лигата на шампиони, и е вториот најуспешен клуб во ова натпреварување, по поранешниот клуб на Касилјас, Реал Мадрид.

Scroll to Top