Top Sport

Касиљас е лут по поразот од Ливерпул

Икер Касиљас се огласи на „Твитер“ по синоќешниот пораз на Порто, во Ливерпул (2:0), во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Легендарниот голман не е задоволен од она што се случувало на натпреварот, а со фотографии посочи два моменти.

Првата спорна ситуација е недосудениот пенал за Порто, откако топката во рака го погоди Трент Александер-Арнолд, а вториот е кога главниот суија Антонио Мигел Лахоз не му покажа црвен картон на Мохамед Салах, кој невнимателно стартуваше врз Данило.

„100 отсто сум оптимист. Гледиајќи ги резултатите во ЛШ за нас не е се изгубено. Имаме натпревар на „Драгао“ и ќе се бориме за пласман во полу-финалето. Им благодарам на навивачите на Порто за поддршката во Ливерпул“, напишал Касиљас.

Scroll to Top