Top Sport

Играчите на Барса со јасен став: Не го сакаме Гризман во тимот

Каталонските медиуми константно го поврзуваат Антан Гризман со трансфер во Барселона. Шпекулациите особено ги засилија по елиминацијата на Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите.

Водечките каталонски медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, пласираат информации дека Гризман побарал трансфер, дека се договорил со Барселона и дека на почетокот на јули за 120 милиони евра и годишна плата од 16 милиони евра ќе стане играч на Барселона.

Во исто време фудбалерот, но и тренерот и претседателот на Атлетико ги демантираа овие шпекулации.

Гризман, минатото лето, во последен момент се премисли го откажа договорениот трансфер во Барселона и остана во Атлетико. Поради тоа со погрдни зборови од трибините беше дочекан во саботата, на дербито Барелона-Атлетико.

Неколу дена по дербито, кое ќе се памети по идиотскиот потег на Диего Коста, каталонските медиуми лансираа нова епизода од „серијата“ поврзана со трансферот на Гризман.

Играчите на Барселона не сакале да го видат францускиот репрезентативец во тимот. Наводно тие тоа им го кажале и на клупските челници, односно дека не сакале да го имаат за соиграч.

Scroll to Top