Top Sport

Касиљас е на клупата бидејќи постојано е на мобилен?

Португалските медиуми јавуваат дека поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас е казнет од тимот на Порто поради недисциплина.

Откако беше на клупата на резервни играчи за дуелот од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, каде што португалскиот тим загуби со 3:2, весникот „О жого“ тврди дека Шпанецот нема да биде стартер ниту во сабота за дуелот со Пасос де Фереира, и тоа поради своето однесување и поради претераното користење на мобилни телефони.

„Мобилните телефони се забранети во тимскиот камп, и има само одредено време кога можат да се користат. Икер постојано го користел својот телефон и менаџерот Сержо Консеисао не сака работите од неговиот тренинг да се шират преку социјалните мрежи“, тврди весникот.

Се оди понатаму и се вели дека шпанскиот голман не се трудел доволно на тренинзите, нешто што посебно го налутило Консеисао. Ова сезона 36-годишниот Касиљас има само 10 меча – осум во лигата и два во Лигата на шампиони и во седум од нив успеа да не прими гол.

Scroll to Top