Top Sport

„Заедничка цел“ на Мата доби уште двајца потписници

Добротворната иницијатива „Заедничка цел“ на шпанскиот фудбалер Хуан Мата доби на сила откако Чарли Дениелс и Алфи Мосон станаа првите англиски играчи кои ветија дел од својата заработувачка за добри цели.

„Зборував со неколку англиски играчи кои покажаа интерес во кампањата и одлично е што Чарли и Алфи се првите двајца кои потпишуваат. Двајцата играат во Премиер лигата и нивната посвета е голем чекор напред“, изјави Мата.

Дениелс е бек на Бурнемаут, додека Мосон е дефанзивец на тимот на Свонси. Двајцата ветија барем 1 отсто од својата плата за фондацијата на Мата која го развива фудбалот низ целиот свет. Уште позначајно е што двајцата фудбалери не се меѓу најплатените играчи во Премиер лигата и двајцата работеа напорно на својата кариера од пониските англиски лиги.

23-годишниот Мосон пред три години беше позајмен играч во Велинг јунајтед, додека 31-годишниот Дениелс помогна Бурнемаут да се искачи од третата англиска лига во Премиер лигата.

„Искусив речиси сè што можеш како фудбалер во Англија и затоа никогаш нема да заборавам од каде дојдов. Фудбалот е важен дел од мојот живот, како за многу луѓе во Англија и затоа е важно да се даде нешто назад“, изјави Дениелс.

Сега „Заедничка цел“ има 12 потписници низ целиот свет, вклучувајќи ги фубалските ѕвезди Матс Хумелс и Џорџо Кјелини.

Scroll to Top