Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, кој неодамна се пензионираше и се кандидираше за претседател на Шпанската фудбалска федерација признава дека еден ден би сакал да се врати во својот стар клуб, Реал Мадрид.
Касилјас е еден од најтрофејните голмани во историјата на шпанскиот фудбал, освојувајќи три титули од ЛШ со Реал Мадрид и две европски и една светска титула со репрезентацијата. Тој одигра над 700 меча за „кралевите“, пред тие да го продадат во Порто во 2015 година.
Минатиот мај, 38-годишниот ветеран имаше срцев напад на тренинг на Порто, но беше пуштен од болница само пет дена подоцна. Оттогаш, тој не одигра меч, и сега е противкандидат на Луис Рубијалес за позицијата во шпонската федерација.
„Секако дека би сакал еден ден да се вратам во Реал Мадрид. Уште го сметам клубот за мој дом иако пет години не сум таму. Врската е уште тука, бидејќи поминав 25 години со нив. Еден ден ќе бидам таму“, вели Касилјас.