Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос вели дека не ја сфаќа одлуката на шпанските клубови да ги скратат платите на фудбалерите, велејќи дека тоа носи чувство како фудбалерите да донираат пари на своите богати клубови.

Минатата недела, Барселона потврди дека фудбалерите од првиот тим ќе добијат значително помала плата (според некои извори до 72%), а на сличен потег се одлучија и Еспањол и Атлетико Мадрид, додека Реал Бетис се договирија за 20 отсто намалување.

Крос вели дека од овој потег ќе профитираат само клубовите, и дека на фудбалерите треба да им се дадат цели плати, а тие потоа можат да донираат.

„Намалување на платата е како беспотребна донација за клубот. Јас сум за тоа клубот да ја исплаќа платата целосно, а потоа секој фудбалер со своја свест да донира. Сите знаат каде е потребно во моментов. Знам дека на клубовите им недостасува планираниот приход, но ако се игра фудбал во мај, тогаш парите ќе бидат тука“, вели Крос.