Top Sport

Касиљас и Нојер му се поклонија на големиот Буфон

Џанлуиџи Буфон на 40-годишна возраст и по 17 години во Јувентус реши да го напушти клубот во кој стекна статус на легенда.

Шпекулациите говорат дека искусниот голам совјата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ, меѓутоа неговото заминување од Јувентус претставува крај на една ера што треба да биде забележана.

Двајца големи соперници, но и големи почитувачи на Буфон во изминатата деценија, решија на оригинален начин да го обележат крајот на ерата на легендарниот голман во Јувентус.

Голманите на Порто и Баерн, Икер Касиљас и Мануел Нојер, се фотографираа во дресот на Буфон, на чии ракав има хаптаг „#UN1CO“, што во превод треба да значи „единствен“.

Јувентус овој перформанс на двајацата исклучителни голмани ја подели на социјалните мрежи што предизвика воодешување кај фановите на „старата дама“.

Scroll to Top