Top Sport

Јунајтед вреди најмногу, во Реал има најголеми плати

Манчестер јунајтед има најголема вредност од фудбалските клубови во Европа. Вредноста на англискиот великан е проценета на 3,25 милијарди евра.

На второто место, според проценетета вредност од 2,92 милијарди евра е Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е прв во светот според сумата што ја издвојува за плати кон играчите и вработените. Реал на плати годишно троши 400 милиони евра.

На третото место е Барселона (2,78 милијарди евра), а понатаму следуваат Баерн Минхен (2,55), Манчестер сити (2,16), Арсенал (2,10), Челси (1,76), Ливерпул (1,58), Јувентус (1,30) и Тотенхем (1,29).

Вредноста на Тотенхем, во однос на претходната година, пораснала за 27 отсто што претставува најголем раст.

Брзината со која расте вредноста на фудбалските клубови го надминува трендот на движењата на европските берзи.

Вкупната вредност на 32 европски клуба, што биле предмет на анализа на извештајот, во однос на минатата година, пораснала за девет отсто, рекол партнерот на КПМГ и автор на извештајот, Андреа Сартори.

Истражувањето на КПМГ се однесува на профитабилноста, правото на емитување, популарноста, спортскиот потенцијал и вредноста на стадионите и останатиот имот на клубовите.

Scroll to Top