Top Sport

Касилјас по Твитер скандалот признава: Време е да отпатувам далеку

Легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас повторно се јави на социјалните мрежи по контроверзите кои ги предизвика во неделата со твит во кој изјави дека е хомосексуалец.

Касилјас прво објави дека е геј, но бргу го избриша постот, и објасни дека неговиот акаунт бил хакиран. Ова наиде на бурна реакција на повеќе ЛГБТ организации, но Касилјас денеска се врати со нова шега, велејќи дека е време да „отпатува далеку“.

„Време е да отпатувам далеку. Добра недела“, напиша Касилјас со фотографија на која е лифт со куфер.

Интересно, по неговиот прв пост во ој вели дека е геј, се јави и Карлес Пујол, поранешниот капитен на Барселона, кој порача: „Време е да ја кажеме нашата приказна, Икер“. Пујол, кој е оженет со Ванеса Лоренцо и има две деца, потоа се извини за „шегата“: „Направив грешка. Жал ми е за лошата шега без лоши намери“.

Шпанските медиуми тврдеа дека постот на Касилјас е „шега“ како одговор на шпекулациите кои го поврзуваа со повеќе славни жени по неговиот развод од Сара Карбонаро минтата година.

Scroll to Top