Top Sport

Касилјас се кандидираше за претседател на шпанската федерација

Легендата на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касилјас откри дека ќе се кандидира за претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), индиректно најавувајќи повлекување од фудбалот.

38-годишниот Касилјас остана во Порто и покрај тоа што имаше срцев напад пролетта 2019 година, а сега плановите се да го предизвика Луис Рубијалес за улогата претседател на федерацијата. Човекот кој помина 16 трофејни години во Реал Мадрид и беше дел од репрезентацијата која стана светски шампион своите планови ги откри на Твитер.

„Работиме со најголемо почитување и посветеност за кандидатурата. Повеќе од 23.000 гласачи не чекаат во фер и транспарентни ибори. 139-те членови на собранието ќе одлучат. Го информирав претседателот на Порто за одлуката и сакам длабоко да му се заблагодарам“, се вели во објавата на Касилјас.

Неговата цел е да ја врати хармонијата во федерацијата, откако сегашниот претседател Рубијалес е во голем конфликт со претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас. Огромниот углед кој го ужива во Шпанија го прави Касилјас фаворит за позицијата.

Scroll to Top