Top Sport

Касиљас во Порто до 2021 година

Икер Касиљас, во средата, го продолжил договорот со Порто. Голманот имал желба кариерата да ја заврши на „Драгао“ стадионот.

37-годишниот голман во Порто пристигна пред четири години од Реал Мадрид, а новиот договор значи дека тој ќе брани до својата 40 годиина.

Касиљас потпишал договор до јуни 2021 година.

„Кога дојдов тука, многумина мислеа дека ќе бранам една или две години и дека ќе се повлечам. Имам само зборови на благодарност не само за клубот, туку и за целиот град. Сакам кариерата да ја завршам тука. Што ќе биде потоа? Искрено не знам, но се надевам дека ќе останам во фудбалот“, рекол Касиљас.

Касиљас има 111 настапи за Порто, откако претходно, во периодот од 1999 до 2015 настапил на 510 натпревари за Реал Мадрид. Голот на Шпанија го бранел на 167 натпревари.

Scroll to Top