Голманот на данската репрезентација и на Лестер, вели дека конечно дојде време на голманите, откако Алисон (Ливерпул) и Кепа Аризабалага (Челси) ги срушија рекордите за трансфери на голманите ова лето, иако признава дека сумите се „неверојатно големи“.
Алисон Бекер дојде од Рома на „Енфилд“ за 67 милиони фунти, сума која до пред неколку години изгледаше астрономски голема, за неколку недели подоцна Челси да го крене рекордот на 72 милиуони фунти за 23-годишниот Шпанец Кепа од Атлетик Билбао.
„Мислам дека сумите за трансфери се смешно големи во моментов. Но, добро е што дојде време за голманите, бидејќи луѓето ретко сфаќаат дека добар голман може да значи победа во лигата. Тоа е пазарот во моментов, а мислам дека трансферот на Нејмар е виновен. Инфлацијата е неверојатна“, вели Шмајхел.