Top Sport

Надал се подготвуваше на концерт на Шакира (видео)

Рафаел Надал во вторникот навечер пред својот прв меч на Мастерсот во Торонто заедно со неговиот тим, тренерот Френсис Роиг, физиотерапевтот Рафаел Маимо и уште еден близок пријател присуствуваше на концерт на Шакира во Канада.

Надал е добар познаник на колумбиската пејачка, инаку сопруга на фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, бидејќи во 2010 година гостуваше во нејзиното видео за песната „Гитана“, кое предизвика внимание за „блискоста“.

Scroll to Top