Капитенот на Лестер, голманот Каспер Шмајхел е пред заминување од клубот по 11 години, откако британските медиуми објавија дека Ница се договорила за неговите услуги.
Данскиот голман, син на легендарниот Петер Шмајхел, со „лисиците“ ја освои титулата од Премиерлигата и од ФА купот, но сакаше излез од Лестер, кои се единствениот клуб од Премиерлигата кој нема донесено засилување за новата сезона.
35-годишниот Шмајхел пристигна во Лестер во 2011 година и има вкупно 479 настапи за клубот, со што е на третото место на вечната листа. По пензионирањето на Вес Морган минатата сезона, тој стана постојан капитен на клубот.