Фиорентина стигна до тешко извојувана 3:2 победа над Удинезе, втора од стартот на италијанскиот шампионат, благодарејќи на Гаетано Кастровили, кој постигна два гола и имаше една асистенција.
Кастровили прво во 11. минута се најде на вистинското место по една мешаница пред гостинскиот шестнаесетник, за во 21. минута да му асистира на Никола Миленковиќ за 2:0. Удинезе вратија еден гол преку Стефано Окака пред крајот на полувремето, но Кастровили повторно стрелаше во 52. минута со прекрасен удар.
Окака во 82. минута успеа да намали на 3:2, но трите поени останаа во Фиренца. Илија Несторовски повторно не беше во тимот на Удинезе, кој има само една победа во пет кола во Италија. Фиорентина се на 10. место со седум освоени поени.