Блискиот советник на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, Вагнер Рибеиро вели дека можната репрезентација на Каталонија ќе биде на ниво како Луксембург, а иднината на фудбалскиот клуб Барселона е „ужасна“.
Рибеиро, кој ја водеше кариерата на Нејмар и во деновите кога тој беше суперѕвезда на Каталонците, пред ПСЖ да го извади чекот од 222 милиони евра и да го донесе во Париз, вели дека независноста на Каталонија ќе донесе само лоши работи за фудбалот.
„Каталонија ќе стане како Луксембург. Потоа Барселона ќе умре“, напиша Рибеиро.
Рибеиро беше агентот што се обиде да го донесе Нејмар во Реал Мадрид од Сантос како јуниор и е блиска личност со таткото на Нејмар.
Catalunã se convertirá en Luxemburgo trás la separación. Y el fútbol club Barcelona morirá. pic.twitter.com/7IUo7Hw1vW
— Wagner Ribeiro (@wagneribeiro_) October 28, 2017