Top Sport

Поради лошо додавање го нокаутира соиграчот (Видео)

Грда сцена, недолична за спортските терени, се случи во Втората кошаркарска лига на Литванија.

На натпреварот помеѓу Телшаи и Сакаи Витас двајца соиграчи од домашниот тим физички се пресметаа на теренот.

По еден контранапад на Телшаи, плејмејкерот Домаркас имаше лошо додавање, што не му се допадна на искусниот соиграч Мачернис кој го нокаутира тимскиот колега.

Судиите му доделија техничка и го исклучија Мачернис.

Scroll to Top