Вечерва, 12 натпревари, во групите А, Д, Е, Г и Х ќе го означат стартот на квалификацискиот цисклус за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија, квалификациите ќе ги започне утре, во Букурешт, против Романија.
Мундијалските квалификации ќе ги отворат Турција и Холандија од 18 часот. Овој натпревар ќе се одигра во Г-групата. Останатите 11 натпревари ќе започнат во 20.45 часот.
Вечерва ќе настапат пет репрезентации од просторите на поранешна Југославија. Интересно ќе биде во соседскиот дуел помеѓу Словенија и Хрватска, Србија ќе ја пречека Република Ирска, а Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе гостуваат во Финска, односно Летонија.
Група А:
20.45: Португалија-Азербејџан
20.45: Србија-Република Ирска
Група Д:
20:45: Финска-Босна и Херцеговина
20:45: Франција-Украина
Група Е:
20.45: Белгија-Велс
20.45: Естонија-Чешка
Група Г:
18.00: Турција-Холандија
20.45: Гибралтар-Норвешка
20.45: Летонија-Црна Гора
Група Х:
20.45: Словенија-Хрватска
20.45: Кипар-Словачка
20.45: Малта-Русија