Top Sport

Катар и Австралија го откажаа учеството на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на Катар и Австралија го откажаа учеството на Коп Америка. Првенството на Јужна Америка на програмата ќе биде од 11.јуни до 11.јули.

Пандемијата на коронавирусот и пренатрупаниот распоред го натерале Катар и Австралија да го откажат учеството.

Портпаролот на Фудбалската конфедерација на Јужна Америка, за агенцијата „АП“, рекол дека неколку други селекции изразиле желба да ги заземат местата на овие две репрезентации.

Австралија требаше да игра во А-групата заедно со Аргентина, Чиле, Уругвај, Парагвај и Боливија, а Катар во Б-групата со Колумбија, Еквадор, Венецуела и Перу.

Scroll to Top