Top Sport

Гасол ќе игра за Барса за плата од 7.500 евра

Пау Гасол, по две децении се врати во Барселона. Ветеранот, потпиша договор до крајот на сезоната. Целта на Гасол е со настапите во Барселона да влезе во форма за Олимписките игри во Токио.

НБА шампионот со ЛА Лејкерс, нема одиграно натпревар од ноември 2019 година, кога скрши коска во стапалото на натпреварот со Мемфис.

Шпанските медиуми открија дека, Гасол, ќе игра за месечна плата од 7.500 евра.

Гасол сакал да игра бесплатно, но тоа не го дозволуваат правилата на лигата. Според правилникот на АЦБ лигата, минималната бруто плата за кошаркари постари од 26 години изнесува 68.337 евра.

Ова значи дека кога ќе се одбие данокот, Гасол за четири месеци и шест дена, колку што трае договорот, ќе добие 30.000 евра.

Scroll to Top