Top Sport

Катар и ФИФА го претставија логото за СП во 2022 (Видео)

Катар и ФИФА го претставија логото на Светското првенство во фудбал што во оваа арапска земја ќе се одржи во 2022 година.

Веднаш по претставувањето логото се појави на бројни билборди во градовите ширум светот, вклучувајќи ги Њујорк, Сао Паоло, Москва, Лондон, Париз, Берлин…

Домаќините појасниле дека логото ја означува поврзаноста на светот преку Светското првенство во фудбал, а во исто време содржи елементи на локалната култура.

Мундијалот во Катар е првиот што ќе се одржи во зимскиот период, на програмата ќе биде од 21 ноември до 18 декември 2022 година. Исто така тоа ќе биде последното светско првенство со 32 репрезентации. Од турнирот во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе учествуваат по 48 селекции.

Титулата на СП во Катар ќе ја брани репрезентацијата на Франција.

Scroll to Top