Top Sport

Катар ќе дебитира на Копа Америка

Ждрепката за Копа Америка, го смести Бразил во лесна, а Аргетнина во група со незгодни противници. Копа Америка ќе се игра во Бразил од 14. јуни до 7.јули.

Ико имаше најави дека ќе учествуваат 16 репрезентации, сепак организаторите се откажаа од можноста да повикаат шест селекции што не се членки на КОНМЕБОЛ.

Федерацијата на Јужна Америка има само десет членки, но од КОНМЕБОЛ повторно се решија за турнир со 12 репрезентации. Гости оваа година ќе бидат Јапонија и Катар.

Јапонците прв пат по 1999 година ќе настапа на Копа Америка, додека Катар ќе го има своето деби на континенталниот шампионат на Јужна Америка.

Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во 2022 година, нема да игра квалификации за пласман, поради што од Сојузот посакуваат нивната репрезентација да одигра што е можно повеќе натпревари со квалитетни противници.

Копа Америка ќе ја искористат и за промоција на државата, откако по сомнителен пат ја добија организацијата на Светското првенство.

Кога станува збор за групите, Бразиле е во А-групата заедно со Венецуела, Перу и Боливија.

Во Б-групата се Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар, а Ц-групата ја формираа Уругвај, Еквадор, Чиле и Јапонија.

Пласман во четврт-финалето ќе изборат по две репрезентации од секоја група, како и две од селекциите што ќе го освојат третото место во групите.

Scroll to Top